Дома Фудбал Останато УЕФА ја запре постапката, нема суспензија за Реал, Барса и Јувентус

УЕФА ја запре постапката, нема суспензија за Реал, Барса и Јувентус

УЕФА преку официјално соопштение потврди дека донела одлука да ја прекине постапката против Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, последните три клуба кои не се откажаа од проектот на Суперлигата.

Трите клубови „бунтовници“ кои не се откажаа од намерата за формирање на Суперлига, па УЕФА отвори постапка и се закани со исфрлање од Лигата на шампиони.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Минатиот месец, УЕФА објави санкции за девет од 12-те клуба кои се откажаа од проектот Суперлига, а тоа се Арсенал, Милан, Челзи, Атлетико, Интер, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

Тие се согласија да се откажат од 5% од приходите од натпреварувањата на УЕФА следната сезона и заеднички да донираат 15.000.000 евра помош за локалниот развој на фудбалот и младите екипи во Европа.

Реал Мадрид, Барселона и Јувентус останаа во Суперлигата, УЕФА најави жестоки санкции, но сега привремено ја прекинаа постапката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Хаос во УФЦ: Тимскиот колега на Мегрегор се степа со Дагестанците! (Видео)

Ислам Махачев (34) ја освоји титулата во велтер категорија на УФЦ (до 77 кг). На настанот …