Дома Фудбал Лига на шампиони УЕФА се предаде: Се најавува ли крај на сезната секаде во Европа?

УЕФА се предаде: Се најавува ли крај на сезната секаде во Европа?

УЕФА во претходниот период констатно потенцираше дека најдобро е сезоната да се доигра, но изгледа дека тие го сменија ставот и попуштија.

Претседателот на УЕФА дури и испрати еден вид на закана дека оние земји кои ќе ги прекинат првенствата нема да имаат претставници во Европа, меѓутоа сега УЕФА попушти. УЕФА преку официјално соопштение испрати порака да се стави крај на сезоната.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Испраќаме порака до домашните првенства и куповите да се приведат кон крај, иако е разбирливо дека ќе има посебни случаи. УЕФА имајќи го ова во предвид спрема препораки за земјите кои нема да можат да го доиграат првенството или купот“.

Ова значи дека веројатно нема да има рестрикции и казни за оние кои ќе ги прекинат првенствата, тука се мисли на Холандија каде што вчера беше објавено дека нема да има фудбал до 1. септември. И немаше смисла УЕФА да казнува клубови за нешто што е „виша сила“, па затоа и се предадоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Денеска беше постигнат најбрзиот гол сезонава во Премиер лигата! (Видео)

Ливерпул по пауза од месец и пол успеа да постигне победа дома во Премиер лигата. Во 16-то…