Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО УЕФА се закани, финалето на ЕП може да се игра во Будимпешта

УЕФА се закани, финалето на ЕП може да се игра во Будимпешта

Според „Тајмс, поради рестриктивните мерки кои се во сила во Велика Британија, УЕФА размислува да ја смени локацијата за завршните натпревари.

Завршницата на ЕУРО 2020 би можела да ја смени локацијата. Според планот, полу-финалните мечеви и големото финале треба да се одиграат на „Вембили“ во Лондон.


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


УЕФА од Британците побарале за ВИП-гостите, кои треба да бидат присутни на завршницата, да не важи десетдневниот карантин. Според мерките во Обединетото Кралство, сите кои влегиваат во земјата, а се наоѓаат на црвената листа мора да бидат десет дена во изолација.

Доколку ситуацијата не се смени, УЕФА, како што пишува „Тајмс“, има намера завршницата да ја префрли во Будимпешта. Во Унгарската престолнина, во првото коло, Унгарија и Португалија играа пред 67.000 навивачи.

Целта на УЕФА е на своите вработени, ВИП-гостите и навивачите да им овозможи што е можно полесен начин на завршницата на ЕУРО.

Овој извор, наведува дека владата на Британија, во наредните денови, ќе го разгледа барањето на УЕФА, за да ги укине мерките за вработените на УЕФА, политичарите и спонзорите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Мајсторот останува мајстор: Погледнете го неверојатниот гол на Роналдињо, потсети на најдобрите денови

Легендите на Реал Мадрид и Барселона одиграа пријателски натпревар во Катар, пред околу 30…