Дома Фудбал Останато УЕФА притиска: Ако не заврши сезоната, ќе нема клубови во ЛШ и ЛЕ

УЕФА притиска: Ако не заврши сезоната, ќе нема клубови во ЛШ и ЛЕ

Европската куќа на фудбалот ги известила националните Федерации дека ќе останат без претставници во Лигата на шампиони и во Лига Европа, доколку не завршат првенствата за сезоната 2019/20.

УЕФА по пандемијата со новиот коронавирус инсистира да има завршница на националните лиги до 30 јули, рок што е подготвена да го продолжи доплнително за еден месец.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во некои земји, како Англија, Шпанија и Италија веќе може да се слушнат предлози за поништување на сезоната, но таквата идеја е одбиена од УЕФА, која како аргумент го дава одложеното Европско првенство и верува дека има простор за завршување на националните шампионати.

„Имаме три опции,повторно да почнеме од средина на мај, во јуни или на крајот на јуни. Ако ниедна од тие не се оствари, сезоната дефинитивно ќе биде изгубена. Сепак, постои можност наредната да почне подоцна. Ќе видиме што е најдобра опција за клубовите. Ако клубовите почнат да играат, би можеле до крај да ги одигреме и европските купови, па нека се играат и во исти денови кога има натпревари од домашните првенства“, изјави Александар Чеферин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Гвардиола: Во спортот како и во животот не постојат бајки

Манчестер Сити се наоѓа во една невидена и катастрофална серија од пет порази во исто толк…