Дома Фудбал Останато УЕФА призна: Германија доживеала голема неправда на Европското првенство!

УЕФА призна: Германија доживеала голема неправда на Европското првенство!

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ја признала грешката во која Германија беше оштетена во пресметката против Шпанија во четвртфиналето на Европското првенстов.

Судиската комисија на УЕФА ја признала грешката тврдејќи дека Германија требало да добие пенал кога Кукуреља играше со рака во шеснаесетникот. Во тој натпревар по ударот на Мусиала топката на патот до голот го погоди Кукуреља во раката, меѓутоа немаше реакција ниту од судијата Ентони Тејлор, ниту од ВАР собата.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Шпанија подоцна постигна гол преку Микел Мерино и со 2:1 се пласираше во полуфиналето, а подоцна и го освои трофејот. Спорната ситуација се случи при резултат 1:1, па јасно е дека таа одлука и тоа како влијаела на резултатот.

„Според новите насоки на УЕФА, контакт на топка со рака при удар кон голот треба да се казнува со пенал, освен ако ракатат на дефанзивецот не е преблизу или прилепена до телото. Во случај како на ЕП во мечот меѓу Германија и Шпанија, шпанскиот играч го запре шутот, а раката не му беше близу до телото“, соопштила Судиската комисија при УЕФА.

Со ова УЕФА најави и дека го модифицира правилото за игра со рака и сега секое играње со рака освен кога таа е прилепена за телото ќе биде пенал. За ситуацијата со Кукуреља пеналот не беше досуден затоа што неговата рака била спуштена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сити и ПСЖ ја сакаат ѕвездата на Аталанта

Манчестер Сити е во порагата по квалитетен играч за врска, а најновото име на списокот на …