Дома Фудбал Англија УЕФА подигна обвинение против Ливерпул (видео)

УЕФА подигна обвинение против Ливерпул (видео)

Европската куќа на фудбалот отвори дисциплинска постапка против Ливерпул поради инцидентите кои се случија пред вчерашниот меч во ЛШ против Манчестер Сити.

Клубот е обвинет по четири различни прекршувања на член 16 од правиникот на УЕФА, според кој клубот е одговорен за сигурноста како на стадионот, така и надвор од него.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Две од обвиненијата се однесуваат на инцидентите со автобусот на Манчестер Сити, кој беше нападнат од фановите на Ливерпул, а останатите две се поради пиротехника и фрлање на предмети во рамките на стадионот.

Случајот ќе биде разгледан од страна на дисциплинската комисија после финалето на 31-ви мај, па евентуалната казна за Ливерпул ќе стапи на сила следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Елези погоди против Радник и го израдува Сараево (Видео)

Сараево продолжува со одличните настапи во Премиер лигата на БиХ и ја забележа третата пос…