Дома Фудбал Репрезентации УЕФА повторно ја казни фудбалската репрезентација на Србија

УЕФА повторно ја казни фудбалската репрезентација на Србија

УЕФА повторно го казни фудбалскиот сојуз на Србија со еден натпревар играње пред празни трибини плус уште еден, но условно.

Тоа значи дека репрезентацијата на Србија против Луксембург ќе игра без присуство на публика, но челниците од Фудбалскиот сојуз на Србија најавија дека ќе ја замолат УЕФА на стадионот да бидат присутни деца, исто како на натпреварот на Партизан неодамна.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Српските медиуми пишуваат дека за сега не е познато зошто нашите соседи се казнети. УЕФА исто така ќе го следи и натпреварот помеѓу Србија и Украина и во случај на најмал инцидент на тој натпревар казната ќе биде дополнително проширена.

Србија во моментов е третопласирана во групата Б со многу мали шанси за пласман, па својот пат кон Европското првенство ќе го побара преку Лигата на нации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Лионел Меси доби ретка чест од Интер Мајами

Лионел Меси ќе стане дел од редок спортски потег, бидејќи Интер Мајами најави дека трибина…