Европската куќа на фудбалот отвори истрага против голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон за неговото однесување на крајот на четвртфиналниот меч од Лигата на шампиони против Реал Мадрид.
Буфон доби директен црвен картон од судијата Мајкл Оливер поради неговата бурна реакција на досудениот пенал во полза на „кралевите“ во судиското продолжение.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Пеналот беше досуден поради прекршокот на Бентаиа врз Лукас Васкез при резултат 3:0 за „бјанконерите“ и се покажа како решавачка за пласман на Реал во полуфиналето.
По завршувањето на мечот Буфон имаше неумесна изјава против судијата Мајкл Оливер и го нарече „канта за ѓубре“.