Дома Фудбал Останато УЕФА одреди краен рок за завршување на националните првенства

УЕФА одреди краен рок за завршување на националните првенства

УЕФА пред две недели донесе одлука да се одложи играњето на Европското првенство за следното лето за да може да се завршат клупските натпреварувања.

Пандемијата на коронавирусот направи хаос во цела Европа, па беа прекинати речиси сите натпреварувања. Клубовите бараа одложување на ЕП за да може сезоната да заврши, а тоа на крајот го прифати и УЕФА.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Меѓутоа, засега нема шпекулации кога сезоната би можела да продолжи затоа што пандемијата на вирусот и понатаму трае. Клубовите се надеваат дека во мај би можеле да продолжат првенствата, но тоа засега не е потврдено.

Првичниот план беше сите клупски натпреварувања да се завршат до крајот на јуни, но сега е веќе јасно дека такво нешто не е можно. Во УЕФА се плашат дека натпреварите би можеле да се играат цело лето, а тоа може да наштети на следната сезона.

УЕФА на клубовите им даде наредба да ги завршат сите натпревари од сезонава до почетокот на август, за фудбалерите да добијат малку одмор, а следната сезона да започне на крајот на август или почетокот на септември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бурни реакции во Шпанија: Еве како би изгледала табелата без ВАР! (Фото)

Шпанскиот АС објави табела од шпанската Примера како би изгледала без вмешаност на ВАР тех…