
Продолжуваат ударите кон Русија од Европската куќа на фудбалот, па така оваа репрезентацијата поради агресијата во Украина нема да се најде и во ждрепката за квалификациите за Европското првенство во 2024 година.




Ждрепката е закажана за 9. Октомври во Франкфурт и по истата ќе знаат групите за квалификациите за овој турнир, а сега е потврдено дека Русија нема да биде дел од истата.




Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Веста ја објави првиот човек на Фудбалската федерација на Украина, Андриј Павелко, а многу брзо се очекува и УЕФА да ја официјализира.




По агресијата во Украина УЕФА и ФИФА ја суспендираа Русија од сите можни натпреварувања, поради тоа не се дел и од СП во Катар, додека нејзините клубови не настапуваат во европските натпреварувања.
Ждрепката во Франкфурт е закажана за 9. октомври.