Фудбалските фанови го изгласаа УЕФА тимот на годината кој беше објавен вчера и тој е во формација 4-2-4.
На голот е Алисон, во одбраната е четворка од десно на лево: Трент Александер-Арнолд, Матијас Де Лихт, Ван Дајк и Енди Робертсон.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во средината се: Френки Де Јонг и Кевин Де Брујн. Место во офанзивната линија добија Лионел Меси, Роберт Левандовски, Кристиано Роналдо и Садио Мане.
На прв поглед тука нема ништо чудно, но „Дејли Мејл“ пишува за преседан на УЕФА. Наводно луѓето во оваа организација на сила го ставиле Роналдо во тимот.
Excl: UEFA changed team of the year formation to get Cristiano Ronaldo in – despite him not getting enough votes (N’Golo Kante missed out) https://t.co/8TN37oqDSD via @MailOnline
— Mike Keegan (@MikeKeegan_DM) January 15, 2020
УЕФА ја променила формација од 4-3-3 во 4-2-4 па така Н’Голо Канте го изгубил местото иако имал повеќе гласови од Португалецот. Бидејќи во формацијата 4-2-4 има место за двајца играчи во средината Канте местото му го препуштил на изненадувчки четвртиот напаѓач, Роналдо.
„Ова навистина не е добро. Тоа е лажирање на гласовите. Поради популарноста на Роналдо се огласи алармот и резултатот на тоа е промена на формацијата. Се прашувам што уште можат да направат?“, изјави за „Дејли Мејл“ неименуван извор близок на УЕФА.