Дома Фудбал Лига на шампиони УЕФА може да дозволи публика на натпреварите од ЛШ

УЕФА може да дозволи публика на натпреварите од ЛШ

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) размислува да дозволи присуство на навивачи на натпреварите во Лигата на шампионите, во случај на одобрување од локалните власти, објави „Мундо Депортиво“.

Според изворот, овој чекор ќе им помогне на клубовите да ги намалат загубите од пандемијата на коронавирусот и ќе им овозможи да заработат пари од продажба на билети.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


За потсетување, сите натпревари од квалификациите во Лигата на шампионите се одиграа без гледачи. Натпреварите во групата фаза може да се играат во присуство на публика,  но само одреден процент од стадионите.

Ждрепката за групната фаза во ЛШ е попладнево со почеток во 17 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

На Кансело му доаѓа крајот во Барселона и веќе се нуди на нов клуб

Жоао Кансело зимава пристигна како неочекувано засилување за Барселона, но иако игра доста…