Дома Фудбал Лига на шампиони УЕФА може да го исфрли ПСЖ од Лигата на шампиони

УЕФА може да го исфрли ПСЖ од Лигата на шампиони

Пари Сент Жермен може да остане без учество во Лигата на шампиони следната сезона, пренесуваат француските медиуми.

УЕФА во детали ја прегледува финансиската политика на „светците“ и има сериозни индиции дека ПСЖ го прекршува Финансискиот фер-плеј.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Минатото лето на „Паркот на принцовите“ пристигна Нејмар за кого парискиот клуб искешира 222 милиони евра.

Во исто време во Париз пристигна и Килијан Мбапе, кој според формулата на трансферот дојде како позајмен фудбалер со задолжителен откуп од 180 милиони евра.

Според правилата на УЕФА секој клуб кој се учествува во европските натпреварувања, не треба да има поголеми загуби од 30 милиони евра.

Поради тоа можни се санкции за ПСЖ, а не е исклучена и можноста клубот да биде исфрлен од Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Собираше отпад на улиците и играше во трета лига, сега е лидер во одбраната на Анчелоти

Александро не е име што е познато на пошироката фудбалска јавност. И покрај тоа, 25-годишн…