Дома Фудбал Репрезентации УЕФА излезе со официјален став на прашањето каде ќе се игра Европското првенство

УЕФА излезе со официјален став на прашањето каде ќе се игра Европското првенство

Пред неколку дена се појави информација дека Европското првенство би можело да се одржи само во Англија.

Денес стигна и официјалниот став на УЕФА. Европската куќа на фудбалот засега е јасна по тоа прашање.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Како и што е објавено турнирот ќе се одржи во 12 земји, намерата на УЕФА останува иста“, одговорија од УЕФА.

И Британскиот премиер Борис Џонсон кој порачуваше дека тие се спремни да го организираат ЕП денес потврди дека УЕФА не сака да менува планот.

„УЕФА е одлучна ЕУРО 2020 да се игра во 12 европски градови, според договорениот распоред. Промени нема“.

Европското првенство е планирано да се игра во: Амстердам, Баку, Билбао, Букурешт, Будимпешта, Копенхаген, Даблин, Глазгов, Лондон, Минхен, Рим и Санк Петерзбург.

Ќе потсетиме Македонија двата натпревари со Австрија и Украина ги игра во Букурешт, а третиот натпревар против Холандија треба да го играме во Амстердам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

„Бомба“ од 40 метри: Спектакуларен гол на Хулк! (Видео)

Ветеранот во нападот, познат долг низ години по својаот силен удар од слободни удари, повт…