Дома Фудбал Англија УЕФА дозволи Сити и Јунајтед да играат во исти натпреварувања со своите сестрински клубови

УЕФА дозволи Сити и Јунајтед да играат во исти натпреварувања со своите сестрински клубови

Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед и официјално добија дозвола од Телото за финансиска на УЕФА да играат во истите натпреварувања како нивните сестрински клубови Жирона и Ница следната сезона.

УЕФА е ригорозна кога се во прашање настапите на клубовите во Европа кои имаат заеднички мнозински сопственик.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Фудбалскиот конзорциум Сити Груп ги поседува Манчестер Сити и Жирона, кои оваа сезона ќе играат во Лигата на шампионите, а ИНЕОС Спорт ги поседува Манчестер Јунајтед и Ница, кои ќе играат во Лига Европа.

За да можат да се натпреваруваат заедно во истото натпреварување, Сити Фудбал Груп и ИНЕОС Спорт мораа да го намалат својот удел за околу 30 проценти, а откако го направија тоа, ЦФЦБ (телото за финансиска контрола на УЕФА) им даде дозвола.

Како дел од намалувањето на сопственичките акции во клубовите, Сити Фудбал Груп и ИНЕОС Спорт продадоа дел од сопственоста на Жирона и Ница на независен фонд контролиран од ЦФЦБ.

Исто така е одлучено дека клубовите не можат меѓусебно да разменуваат играчи до септември 2025 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Влаховиќ доби силен шамар од Барселона, се знае поради кого го отпиша целосно Флик

Влаховиќ има договор со Јувентус до крајот на оваа сезона и речиси сигурно е дека српскиот…