Дома Фудбал Останато УЕФА го казни Лацио

УЕФА го казни Лацио

Лацио се најде во големи проблеми по расистичките испади на нивните навивачи на натпреварот во Лигата на Европа против Селтик.

УЕФА се разбира не простува и Лацио ќе биде казнет, а сега е познато и каква казна ќе добие. Имено, поради тоа што се случи, Лацио ќе биде казнет со 20,000 евра и ќе мора да затвори еден дел од трибините на следниот натпревар во Лигата на Европа.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Исто така, условно добија казна дека ќе одиграат еден натпревар пред празни трибини доколку нешто слично се повтори во следните година дена. Од овој клуб најавија жалба и останува да се види дали казната на крајот ќе остане иста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Војна“ на македонската фудбалска сцена поради ВАР: Тренерот на Шкендија критикуваше, ФФМ му одговори!

Судиската комисија на Фудбалската федерација на Македонија реагирше на на изјавата на Јето…