Дома Фудбал Останато УЕФА ги спреми влезниците за финалето – се чека одговор од Турција

УЕФА ги спреми влезниците за финалето – се чека одговор од Турција

Финалето помеѓу Челзи и Манчестер Сити ќе се игра најверојатно со присуство на навивачи.

Според пишувањето на „Скај“, УЕФА донела одлука финалето во Истанбул да се игра пред публика ,а наводно навивачите на Челзи и Манчестер Сити ќе добијат по 4.000 влезници.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


За потврда се чекаат турските власти со оглед на дека во Турција на сила е забрана за движење до 17. мај поради лошата ситуација со коронавирусот.

УЕФА дала ветување на Турција дека максимално ќе помогне во организацијата на финалето. Од самото доаѓање на аеродромот па се до завршувањето на натпреварот. Исто така УЕФА е во контакт со Фудбалскиот сојуз на Турција.

Челниците на УЕФА ја одбија можноста финалето да се игра во друг град. Истанбул требаше да биде домаќин и минатата година, но тогаш поради корона ситуацијата работите се променија.

Целта на УЕФА е на „Ататурк“ стадионот кој има капацитет од 75.000 места да присуствуваат 50% од капацитетот.

На навивачите ќе им бидат поделени 8.000 влезници, а останатите влезници ќе се распределат по сектори, секако тука се и новинарите и ВИП местата.

Ќе потсетиме, Манчестер Сити до Истанбул дојде откако го елиминираше ПСЖ со вкупен резултат 4:1, додека Челзи со вкупни 3:1 го елиминираше Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дембеле ќе мора да го издржи тоа што суноќа го направи затоа што социјалните мрежи не простуваат (Видео)

ПСЖ ја започна одбраната на титулата во Франција со две минимални победи (1:0). По Нант, в…