Дома Фудбал Останато УЕФА ги одложи сите натпревари во Израел

УЕФА ги одложи сите натпревари во Израел

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги одложи сите натпревари кои во текот на следните две недели требаше да се играат во Израел.

Повеќе од 600 Израелци се убиени во нападите од Газа од саботата, објави Владата. УЕФА истакна дека квалификацискиот натпревар за ЕП 2024 на Израел против Швајцарија кој требаше да се игра во четврток е одложен.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Новиот термин за натпреварот се уште не е потврден. УЕФА соопшти дека во наредните денови ќе ја процени ситуацијата и ќе види дали има можност за одигрување на следниот натпревар на Израел против Косово на 15. октомври.

„УЕФА ќе продолжи да ја следи ситуацијата и ќе остане во контакт со сите вклучени страни при донесувањето одлуки за новите датуми и потенцијалните промени за следните натпревари“.

Шампионот на Израел, Макаби Хаифа оваа сезона игра во Лигата на Европа и по репрезентативната пауза треба да гостува на шпански Виљареал. Нивниот следен натпревар на домашен терен е на 7. ноември против истиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Кристијано Роналдо направи хаос во Саудиска Арабија

Неверојатни вести доаѓаат од Саудиска Арабија, а во главна улога е Португалецот, Кристијан…