Дома Фудбал Лига на шампиони УЕФА беше против Суперлигата, а сега воведува реформа во ЛШ со која се создава нешто слично?!

УЕФА беше против Суперлигата, а сега воведува реформа во ЛШ со која се создава нешто слично?!

Унијата на европски фудбалски асоцијации (УЕФА) ќе дискутира за новата реформа во Лигата на шампионите.

Една година откако најголемиот фудбалски свет застана против Суперлигата, УЕФА која беше против таа идеја планира да направи нешто слично, односно да им го отежни учеството на „помалите“ тимови.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Имено, планот кој го развива Европската куќа на фудбалот го пренесе „Гардијан“ и според него во иднина во Лигата на шампионите би се пласирале екипи на основа на историскиот успех, односно коефициентот од претходните сезони. Во таков случај не би се гледало каков учинок имаат во домашните шампионати.

Конкретно, доколку некој тим не се пласирал на место кое води во Лигата на шампионите и освоил позиција со која се квалификувал во Лига  Европа и освоил куп би имал право да се најде помеѓу елитата поради својот коефициент.

Така најсилните европски лиги би добиле најголем број места во меѓународните натпреварувања и би ги потиснале послабите шампионати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…