Дома Фудбал Англија Убедливи победи на Манчестер Јунајтед и Челзи, Саутемптон го изненади Лестер

Убедливи победи на Манчестер Јунајтед и Челзи, Саутемптон го изненади Лестер

Фудбалерите на Челзи и Манчестер Јунајатед запишаа убедливи победи, Лестер изгуби, додека Евертон продолжи со добрите настапи под водство на Анчелоти.

Челзи игра топло-ладно во последните недели, но „сините“ денес без проблеми го совладаа Барнли на „Стенфорд Бриџ“ со 3:0. Жоргињо од пенал, Абрахам и Хадсон Одои беа стрелци за Челзи кој сега со 39 бода е четврти на табелата.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Пет бодови зад него е Манчестер Јунајтед кој денес беше уште поубедлив и со 4:0 славеше против Норвич. Рашфорд постигна два гола, по еден Марсијал и Гринвуд.

Евертон со голот на Ричарлисон славеше против Брајтон, додека Вулвси ремизираа на домашен терен со Њукасл (1:1).

Лестер на својот „Кинг Пауер“ запиша пораз од Саутемптон (2:1). Треба да се спомене дека ВАР на овој натпревар им поништи два гола и пенал на „лисиците“.

Лестер сега е второпласиран со минус 13 бода во однос на Ливерпул, но и два натпревари повеќе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Радост во Наполи, се враќа Лукаку

Ромелу Лукаку се приклучи на тренинзите на Наполи и постои можност да заигра во Суперкупот…