Дома Фудбал Италија Убави времиња и спомени: Милан се потсетува на среќните денови кога доаѓаа Руи Кошта, Инзаги, Пирло

Убави времиња и спомени: Милан се потсетува на среќните денови кога доаѓаа Руи Кошта, Инзаги, Пирло

Конечно и навивачите од Милан дочекаа да уживаат во еден летен преоден рок. Доаѓањето на Кинезите и преземањето на клубот од Силвио Берлускони подразбираше влез на свеж капитал во славниот клуб, па големиот број активности на „Росонерите“ на трансфер пазарот во овој преоден рок никого не го изненадија.

Челниците на клубот од Сан Сиро се трудат на тренерот Виченцо Монтела да му комплетираат тим што е можно побрзо, така што за четирите веќе финализирани засилувања потрошија 102 милиони евра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Да потсетиме, новајлии во дресот на седумкратниот клупски шампион на Европа се: Андре Силва (38 милиони евра), Франк Кеси (28 милиони евра), Рикардо Родригез (18 милиони евра) и Матео Мусакио (18 милиони евра). Со овие четири потпишани договори, Милан моментално е клубот кој најмногу потроши во овој преоден рок:

1. Милан – 102 милиони евра
2. Баерн – 92 милиони евра
3. Манчестер Сити – 90 милиони евра
4. Јувентус – 47 милиони евра
5. Дортмунд – 44 милиони евра

Секако, тешко дека поредокот ќе остане ваков каков што ви го пренесовме, бидејќи Англичаните, а пред сите Манчестер Јунајтед, допрва планираат да трошат, меѓутоа, не заборавајте дека ниту Кинезите од Милан не го кажале својот последен збор, бидејќи уште еден напаѓач од прва класа треба да стигне на Сан Сиро.

Инаку, рекордно трошење Милан забележа во сезоната 2001/2002 година, кога испазари дури деветмина играчи: Руи Кошта (42 милиони евра), Филипо Инзаги (37 милиони евра), Андреа Пирло (18 милиони евра), Морено (16 милиони), Масимо Донати (15 милиони), Козмин Контра (7 милиони), Умит Давала (5 милиони), Виталиј Кутузов (3,5 милиони), Мартин Лоренс (500.000). Без обештетување таа сезона во Милан заминаа Зенони, Броки, Доморо и Сар.

Во случај Милан ова лето да го доведе и тој голгетер од екстра класа (Белоти, Обамејан…) за кој толку се зборува, или ако дојде само еден од споменатите играчи за врска, нема сомнеж дека ова лето ќе го собори рекордот по вкупна потрошувачка.

А зимскиот преоден рок допрва доаѓа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Бомба“ која не се очекува: Салах ќе заврши како Меси?!

Мохамед Салах предизвика реакции на „Енфилд“, а интерес за неговата ситуација наводно пока…