Дома Останати Тенис Убава вест: Се породи поранешната тенисерка број ден

Убава вест: Се породи поранешната тенисерка број ден

Поранешната прва тенисерка во светот, Наоми Осака на овој свет донесе ќерка, објави американскиот магазин „Пипл“.

Магазинот прецизира дека јапонската тенисерка се породила во Лос Анџелес и дека и таа и детето се во добра состојба.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Четирикратната грен-слем шампионка во јануари објави дека е трудна и откри дека очекува ќерка со раперот Кордеа со кој е во врска од 2019-та година.

Осака последната грен-слем титула ја освои во 2021 година на Австралија Опе, подоцна призна дека боледува од депресија. На тенисот се врати во јануаари во 2022 година и набрзо се соочи со повреда на Ахиловата тетива.

Последниот меч 25-годишната тенисерка го одигра во септември минатата година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Сабаленка за првпат го проба хот-догот од 100 долари: Погледнете ја нејзината реакција (Видео)

Првата тенисерка на светот Арина Сабаленка се пласираше во четвртфиналето на Мајами Опен, …