Приоритет на Челзи во до крајот на преодниот рок ќе биде доведување на напаѓач, а најголема желба е Пјер Емерик Обамејанг.
Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи веќе ги започнал преговорите со Барселона и спрема понуда за Габонецот, кој во јануари како слободен агент се пресели на „Камп Ноу“.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Чави Ернандез сака да го задржи, но клупските челници се подготвени да го продадат напаѓачот за 30 милиони евра.
Тренерот на Челзи, Томас Тухел, кој соработуваше со Габонецот во Борусија Дортмунд, инсистира на доаѓањето на Обамејанг.
„Уживав да работам со него. Имавме многу блиски односи. И така ќе остане што и да се случи сега“, изјави Тухел.
На другата страна Обамејанг, не негира дека може да се врати во Премиер лигата.
„Мојата иднина? Немам што да кажам“, накратко изјави тој.