Дома Фудбал Англија Тухел спремен да ја преземе Англија после Мундијалот

Тухел спремен да ја преземе Англија после Мундијалот

Бившиот менаџер на Челзи, Томас Тухел е заинтересиран за можноста да го наследи Саутгејт на кормилото на англиската репрезентација, пренесуваат медиумите на Островот.

Се разбира тоа најмногу ќе зависи од претставувањето на Англија на Мундијалот во Катар. Доколку „Гордиот Албион“ не ги оправда очекувањата Саутгејт ќе биде сменет.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Англиските медиуми објавија дека германскиот менаџер изминатиот период добил понуда од два премиерлигашки клуба, но и двете ги одбил експресно.

„Телеграф“ тврди дека на Германецот му се допаѓа животот во Лондон и негов приоритет е местото на Герет Саутгејт, англискиот селектор чија позиција веќе не е сигурна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ван Дајк: Ако продолжиме вака нема што да бараме

Капитенот на холандскиот национален тим Вирџил Ван Дајк истакна дека „лалињата“ мора да ја…