Изгледа дека Томас Тухел не смета премногу на Дани Алвес.
Искусниот Даниел Алвес кој поради повреда ќе го пропушти претсојниот Мундијал не се наоѓа во плановите на новиот шеф на стручниот штаб на ПСЖ, Томас Тухел.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На Германецот не му одговара таков тип на играч и наводно на управата и соооштил дека Алвес може да замине.
Медиумите наведуваат дека 34 годишниот фудбалер е поуден на Севиља каде што настапуваше до 2008 година кога се пресели во редовите на Барселона. Наводно, посредникот го информирал клубот од Андалузија дека Алвес е на продажба и дека би можел повторно да заигра на „Санчез Пизхуан“
Тој би можел да биде дел од новиот проект кој ќе го предводи поранешниот тренер на Гирона, Пабло Мачин, а одлуката за дали Алвеш ќе биде ангажиран ќе ја донесе токму тој во договор со спортскиот директор на клубот.
Договорот со ПСЖ му истекува наредното лето, но нема никој да успее да го избрка од Париз, пред се поради неговото големо пријателство со Нејмар и јасно е дека од неговата желба зависи голем дел од работата.