Германскиот стратег Томас Тухел пред неколку дена доби отказ на клупата на ПСЖ.
Тухел доби отказ на шест месеци пред крајот на договорот и сега е без ангажман. Веднаш медиумите почнаа да го поврзуваат со Арсенал како евентуална замена за Микел Артета, меѓутоа набрзо тие информации беа демантирани.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сепак, „РМЦ Спорт“ и „Билд“ тврдат дека се уште Премиер лигата за него е отворена опција затоа што интерес покажал Челзи ако Френк Лампард биде сменет.
Челзи под водство на Лампард игра промениливо. Медиумите тврдат дека нема да биде изненадување ако Лампард не ја заврши сезоната на „Стенфорд Бриџ“.
Тухел и претходно се поврзуваше со Челзи, тоа беше во 2017 година кога ја напушти Борусија Дортмунд, но тогаш до соработка не дојде.