Дома Фудбал Италија Тутоспорт: Роналдо останува верен на Јувентус

Тутоспорт: Роналдо останува верен на Јувентус

Кристијано Роналдо во Јувентус пристигна летото 2018. година од Реал Мадрид кога потпиша четири годишен договор со Старата дама.

И покрај разните шпекулации за можен трансфер на Роналдо во ПСЖ, Тутоспорт уверува дека Португалецот има намера до крај да го одработи договорот со Јувентус.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Италијанскиот весник објаснува дека Роналдо има одлични односи со Бјанконерите и во текот на пандемијата со коронавирусот.

34-годишниот Роналдо овој период го поминува дома со семејството, во родната Мадеира.

Кристијано Роналдо и оваа сезона, до прекинот на првенството, имаше одличен скор во дресот на Јувентус, односно на 32 натпревари постигна 25 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лионел Меси доби ретка чест од Интер Мајами

Лионел Меси ќе стане дел од редок спортски потег, бидејќи Интер Мајами најави дека трибина…