Дома Останати Ракомет Турски ракометен репрезентативец со неговиот син загинал во земјотресот

Турски ракометен репрезентативец со неговиот син загинал во земјотресот

Вчера вечер турската ракометна федерација соопшти дека репрезентативецот на оваа земја, Џемал Кутхаја со неговиот петгодишен син го загубиле животот во страшниот земјотрес.

Земјотресот кој ги погоди Турција и Сирија однесе илјадници животи, а вчера стигна потврда дека помеѓу загинатите е и Кутхаја со неговиот син. За време на земјотресот Кутхаја покрај својот син, бил заедно и со неговата сопруга која се уште се води за исчезната.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Кутхаја го носеше дресот на Хатајспор, а спасувачките екипи седум дена беа во потрага по семејството, надевајќи се на добри вести, но сега турската федерација ја потврди трагичната вест.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Охрид со моќна партија ја прегази Дукла Прага

Охрид е на чекор до четвртфиналето во Европскиот куп на Европската ракометна федерација, о…