Дома Македонски спорт Коментар: Не блескавме ама целта ја остваривме!

Коментар: Не блескавме ама целта ја остваривме!

Со вчерашниот натпревар против Грузија заврши уште еден репрезентативен циклус и можеби не блескавме ама целта ја остваривме.

КОСОВО


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Прво беше натпреварот кој целата спортска јавност толку многу го очекуваше, оној против Косово. Во натпревар во кој двете селекции влегоа со проблеми, Косово реално имаше повеќе на крајот за наша среќа се радувавме. Победивме со 2:1, посебно од овој дуел треба да се спомене играта во второто полувреме. Иако двата гола ги постигнавме во привот дел во второто бевме подобар противник и создадовме неколку прилики за да постигнеме гол за поубедлива победа, но не успеавме. Го добивме Косово и сега го чекаме финалето за пласман на ЕП против Грузија на 12. ноември.

Косово како и што кажа капитенот Горан Пандев на прес-конференција пред Грузија не истроши и психички и физички, а тоа можеше да се види во следните две средби.

EСТОНИЈА

Против Естонија започнавме со комбиниран состав, Естонците не изненадија и водеа со 3:1, сепак по влегувањето на првотимците во игра работите се променија и стигнавме до 3:3. Мое лично мислење е дека ако имаше барем уште 5-6 минути ќе постигневме и гол за победа. Како и да е одигравме реми, но останавме први во групата затоа што Ерменија не ја победи Грузија, овој дуел заврши 2:2. За играта тука нема што многу да се каже кога сме примиле три гола од една Естонија значи дека не сме биле на нивото на кое треба да бидеме.

ГРУЗИЈА

Дојде и третиот натпревар во седум дена, многу проблеми, повреди, суспендирани играчи…И кај нас и кај нив. Првиот дел на Арената од вчерашниот дуел беше да „заспиеш“, гледавме фудбал без многу прилики. Во вториот дел се играше нешто по активно, Столе Димитриевски одново слично како и против Косово киксираше со едно негово истрчување, овој пат не прими гол меѓутоа доби црвен картон и останавме со играч помалку. Од тој момент Грузија ја превзема иницијативата и само неколку минути подоцна постигнаа гол за 1:0. Како што одминуваше дуелот тие се затвараа, а ние тешко доаѓавме до шанса. Сепак среќата не послужи и добивме пенал во 91. минута кој во гол го претвори Алиоски.

И повторно како три дена претходно, среќата не послужи и кога беше вториот натпревар од оваа група во прашање. Ерменија не ја победи Естонија, одиграа 1:1, па ние и после ова реми останавме лидери на тебелата и во најдобра позиција за освојување на групата со што би обезбедиле бараж за Светско првенство. Во следните два натпревари ние ќе играме против Естонија дома и Ерменија на гости.

Македонија – 6 (7:6)

Грузија – 6 (5:4)

Ерменија – 5 (6:5)

Естонија – 2 (4:7)

Не блескавме ама во овој репрезентативен циклус целта е остварена, финале со Грузија и задржување на првата позиција.

Сега е време да мислиме на Грузија и мечот на 12. ноември кој ќе биде можеби и најважниот во македонската фудбалска историја – ќе играме за европско!

Пишува: Стефан Даскалов

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Претседателот на ФФМ нападнат од маскирани лица: Поминав со лесно

Максирани лица синоќа го нападнале претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (…