Дома Фудбал Лига на шампиони Трите дилеми на Алегри – на Модриќ оди 20 годишниот Уругваец?

Трите дилеми на Алегри – на Модриќ оди 20 годишниот Уругваец?

alegri

Јувентус и Реал Мадрид вечерва го играат својот прв натпревар од Лигата на шампионите, прв после минатогодишното финале во кое „кралевите“ ја победија „старата дама“ со 4:1.

Познато е дека Јувентус не ќе може да смета на услугите на Миралем Пјаниќ кој е суспендиран поради жолти картони. Италијанските новинари пишуваат дека Алегри има три дилеми кога во прашање е првиот состав.


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


За позицијата лев бек конкурираат Алекс Сандро и Квадво Асамоа, за стоперската позиција Андреа Брзаљи и Стефано Стураро, а за позицијата на Пјаниќ, Клаудио Маркизио и Родриго Бентакур.

Секако е интересно да се види за кого ќе се одлучи Алегри во средниот ред бидејќи токму тој играч ќе има задача да го неутрализира Лука Модриќ.

Според медиуми поголеми шанси му се даваат на младиот Ургваец, Бентакур кој оваа сезона не одигра премногу натпревари.

Бентакур оваа сезона осум пати беше во стартниот тим на Јувентус, но Алегри на конференцијата истакна дека има доверба во Уругваецот и дека би можел вечерва да стартува од првата минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Официјално: Ван Нистерлој е нов тренер на Лестер

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда – Руд ван Нисте…