Дома Останати Кошарка НБА Трипл-дабл на Дончиќ и враќање на Далас од -16, Јокиќ солиден во поразот на Денвер

Трипл-дабл на Дончиќ и враќање на Далас од -16, Јокиќ солиден во поразот на Денвер

Предводен од фантастичниот Лука Дончиќ Далас успеа да слави против Филаделфија со 107:98, иако во еден момент имаше и -16.

Словенецот во овој натпревар стигна до својот 44-ти трипл-дабл во кариерата со 33 поени, 13 скока и 15 асистенции. Реџи Булок постигна 20 поени, а Џејлен Брансон еден помалку. Во редовите на Филаделфија најдобар Жоел Ембид со 27 поени и 13 скока.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


По паузата од еден натпревар поради ситната повреда Јокиќ се врати на терените. Но и со него Денвер запиша пораз од Њу Ореланс со 105:113. Со учинок од 25 поени, 12 скока и девет асистенции Јокиќ беше најдобриот кај Денвер. Кај Пеликанс Херберт Џоунс постигна 25, дури 18 од нив во последниот период. Брендон Инграм оствари дабл-дабл од 23 поени и 12 скока.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Далас – Филаделфија 107:98

Денвер – Њу Орлеанс 105:103

Шарлот – Кливленд 101-102

Детроиот – Бостон 93-102

Индијана – Чикаго 115-122

Торонто – Атланта 125-114

Сан Антонио – Хјустон 131-106

Јута – Бруклин 125-102

Портланд – Оклахома 93-96

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…