Може ли да каже „НЕ“ и по трет пат?!
Најголемата желба на Реал Мадрид во последните години повторно е актуелна.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Како што пренесува мадритска „Марка“, Роберт Левандовски повторно е опција за Флорентино Перез. После два неуспешни обиди, Перез верува дека сега може да го доеведе полскиот фудбалер.
Изгледа дека Реал Мадрид конечно е спремен за нова „деветка“, зад се стои Перез кој е спремен повторно да тргне во акција да го замени Бензема после две години.
„Марка“ пишува дека Мауро Икарди кој во медиумите се истакнува како голема желба на Перез е само „маска“ за напад на голгетерот на Баерн Минхен, кого Перез ќе се обиде да го доведе наредното лето.
Реал Мадрид веќе два пати се обидуваше да го доведе Левандовски, еднаш додека беше во Дортмунд и вториот обид беше пред две лета кога Баерн и Лева ја продолжија соработката до 2021 година.
Левандовски има голема желба да стигне до трофејот во Лигата на шампионите, најблиску до вакво остварување беше како член на „милионерите“ во 2013 година кога го буквално го разби токму Реал со четири погодоци.
Сега, според пишувањето на „Марка“ полскиот фудбалер ја изгубил вербата дека Баерн може повторно да стигне до трофејот во Лигата на шампионите, а познато е дека Реал е тим кој најдобро знае како се освојува Лигата на шампионите.