Фудбалската јавност во Италија жестоко реагираше после вчерашниот натпревар помеѓу Јувентус и Салернитана поради голот поништен во самиот финиш од натпреварот.
Јувентус постигна гол за целосен пресврт во последните минути преку Милик, но тој беше поништен поради офсајд. Меѓутоа во таа ситуација судиите во ВАР собата веројатно погрешија, тоа го тврди и „Скај“ во својата анализа – ТУКА.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На никого не му е јасно како во ВАР собата заборавија на Кандрева кој беше кај корнер знаменцето и поради кој Бонучи не беше во офсајд. Алегри беше бесен поради начинот на кој беше оштетен неговиот тим – ТУКА.
Меѓутоа, многумина се чудат на изјавата на тренерот на Салернитана Давиде Никола кој порача дека се било чисто.
„Задоволен сум од тоа како одигравме вечерва и од резултатот кој го остваривме. ВАР судијата покажа зошто имаат кредибилитет и не попуштаат под било каков притисок и среќен сум поради тоа. За мене нема ништо спорно во тој поништен гол“, изјави Никола.