Дома Фудбал Франција Тренерот на Лион разочаран: Зошто ВАР не реагираше за пеналот на Нејмар?

Тренерот на Лион разочаран: Зошто ВАР не реагираше за пеналот на Нејмар?

ПСЖ вчера го победи Лион во натпреварот од 6. коло во француската Лига 1 и така го задржа 100% учинок во првенството. Головите ги постигнаа Нејмар и Икарди за ПСЖ, Пакета за Лион.

После натпреварот најмногу се зборуваше за Меси и Покетино, но во таборот на Лион не испуштија да забележат на каков начин ПСЖ дојде до изедначување.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Тренерот Питер Бож на прес-конференцијата за медиуми посебно го коментираше пеналот досуден над Нејмар.

„Нејмар беше виновен, тој го влечеше Густа и му ја стави раката на грбот. Сигурен сум дека не беше пенал. Го разбирам судијата дека не можел да видси, но како може ВАР да не реагира?“, се запраша Бож.

„Денес сум горд на своите играчи. Успеавме да му направиме проблеми на ПСЖ, а пенал немаше. ВАР требаше да се огласи“, заклучи стратегот на Лион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Бобан уште еднаш ја доби битката со Милан: „Росонерите“ ќе му исплатат милионска оштета

Врховниот суд во Италија донесе конечна пресуда во случајот на Звонимир Бобан кој по вторп…