Тренерот на белгискиот шампион, Филип Клемен зборуваше за дуелот со ПСЖ во Лигата на шампиони.
Тој смета дека во моментов Пари Сент Жермен е на повисоко ниво од Реал Мадрид.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Многу од моите фудбалери за прв пат ќе играат против играчи од светска класа. Тоа ќе биде на повисоко ниво отколку што беше дуелот со Реал Мадрид пред две сезони. Ова се моменти за кои секој од нас сонувал“, изјави Клемен.
„Играме против најсилниот тим на светот и против најдобриот фудбалер, Лионел Меси. Нормално е да се зборува за ПСЖ, а не за Бриж. Знаеме дека ќе биде многу тешко да не примиме гол, но сакам да видам на кое ниво е мојот тим“, додаде тренерот на Бриж.