Ерик тен Хаг синоќа во потполност го надмудри Сантијаго Солари и го однесе Ајакс до голем триумф на Бернабеу.
Тренерот на тимот од Амстердам е задоволен од величествената победа…
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
„Ова е историска победа која е важна за сите нас. Беше незамисливо дека ова ќе се случи, никој не веруваше во тоа.“ – изјави Тен Хаг и откри како го надмудрил Солари.
„Планот беше едноставен. Сакавме да создадеме контрола над топката и така да го спречиме Реал да ја постави својата игра. Одигравме добро во транзиција, а играта во дефанзива беше одлична. Апсолутно сите момци одиграа фантастично. Среќен сум за нашиот клуб, но и за холандскиот фудбал за ова што се случи.“
Ова е најголемата победа во неговата кариера и нема дилеми дека на овој триумф ќе се сеќава додека е жив.
„Едноставно, на ваквите моменти мора да се сеќавате и да уживате во нив. Имаме шанси да освоиме три трофеи, играме добра сезона, но наградите не доаѓаат до самиот крај.“ – истакна Тен Хаг и додаде:
„Сакаме да ги достигнеме сите наши цели. Мораме да ги поставиме целите уште повисоко и да продолжиме да напредуваме. Би сакал да ги задржиме сите наши играчи во клубот, но тоа е во доменот на фантазијата.“ – изјави тренерот на великанот од Амстердам.
Ајакс сега го чека ривалот за четвртфиналето во Лига на шампиони, а неговото име ќе го дознае за 10 дена.
Додека Реал Мадрид го демолираше Монако, сите гледаа кон трибините: Се појави неочекуван гостин (Видео)
Реал Мадрид конечно одигра натпревар каков што сакаат неговите навивачи и во седмото коло …Понуда од соништата пристигна за ѕвездата на Реал Мадрид: Одговорот на Перез беше познат веднаш
Телефонски повик од Саудиска Арабија ги потресе канцелариите на „Сантјаго Бернабеу“. Во иг…Арбелоа: Постојат напади за Реал да се ослабе и знам кој ги организира
Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, одржа прес-конференција пред натпреварот од Лигат…
Проблеми за Реал: Мбапе го вклучи алармот во Мадрид
Килијан Мбапе е под знак прашалник за вечерашниот дуел со Атлетико Мадрид. Реал Мадрид сè …Кејн: Од стартот бевме агресивни, не се браневме, туку тргнавме по победа
Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, ги сподели своите впечатоци по триумфот над Баер Лев…Навивачите „удрија“ по Слот, му замеруваат за две клучни грешки против ПСЖ
Навивачите на Ливерпул сметаат дека Арне Слот направил две големи грешки, кои на крајот ја…
Проверете
Гвардиола по вчерашната победа веднаш го побарал Мурињо!
Манчестер Сити директно се пласираше меѓу најдобрите осум екипи во Лигата на шампионите бл…