Дома Топ вести Трансфер на векот: Мбапе кажа ДА – станува најскап фудбалер во историјата!

Трансфер на векот: Мбапе кажа ДА – станува најскап фудбалер во историјата!

Моментално најголемата млада фудбалска ѕвезда во светот, Килијан Мбапе одлучи во кој клуб ќе ја продолжи кариерата!

Како што пренесува шпанска „Марка“ младиот напаѓач на Монако му кажал ДА на Реал Мадрид. Така моментално најпосакуваниот фудбалер во светот ќе стане Галактико и ѕвезда на новиот Реал.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Според добро информираната „Марка“ раководството на Реал веќе стапило во контакт со агентите на фудбалерот и официјално започнале преговори. Така „кралевите“ ја презедоа водечката улога во трката за Мбапе за кого силен интерес покажуваат уште Манчестер Јунајтед и ПСЖ.

Една од главните причини за ваквата одлука е присуството на неговиот сонародник Зинедин Зидан кој со успех го води „кралскиот“ клуб.

Монако како обештетување би требало да добие повеќе од 100 милиони евра, па така Мбапе ова лето ќе стане најскапиот фудбалер во историјата на фудбалот.

Мбапе со 16 години стана најмладиот дебитант во француската лига, а со 17 најмлад стрелец во историјата на Монако. Така на вечната листа го престигна Анри кој исто така е производ на школата на Монако.

Зидан уште во 2013 година се обидел да го донесе во Реал како 15-годишно момче, но Мбапе одбил бидејќи сакал да остане во Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Атлетико тргнува по напаѓачот на Милан

Саму Чуквуедзе минатото лето пристигна како големо засилување за Милан, но до сега не ги о…