Нејмар пристигнува во ПСЖ, а доколку се се одвива според очекувањата неколку големи клубови би профитирале од овој трансфер.
Клубот од Париз ќе мора да продава, Ди Марија би можел да заврши во Барселона, Матуди се поврзува со Јувентус, но и англиските клубови, прашањето кое се поставува е што ќе биде со Јулијан Дракслер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, Германецот го изгуби местото во тимот, па не е невозможно да биде реализирана замената со Интер за Жоао Марио. Интер за Португалецот плати 40 милиони евра, а тој баш и не се прослави во Серија А и сигурно дека и во сезоната која следи нема да биде стандарден кај Лучијано Спалети.
Дракслер би бил подобра опција и замена за Перишиќ кој чека Интер да пронајде алтернатива за да потпише договор со Манчестер Јунајтед.
Барселона ги посакува Кутињо и Дибала, тоа се тешки мети, посебно Аргентинецот кој дури и Јувентус да прифати да го продаде, самиот фудбалер нема желба да пресели на „Ноу Камп“. Но, доколку во некој случај Дибала би заминал, како негова замена Јувентус би можел да се обиде да го доведе Алексис Санчез од Арсенал кој во текот на вчерашниот ден се врати во Лондон.
Трансферот на Нејмар се очекува наскоро и да биде официјализран, а како ќе се одвиваат работите во последниот месец на трансфер пазарот останува да видиме.