Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Ван Бисака е играч на Манчестер Јунајтед, Јуве и Рома комплетираат размена

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Ван Бисака е играч на Манчестер Јунајтед, Јуве и Рома комплетираат размена

На едно место следете се што се случува на трансфер пазарот!

– Започнуваме со деталите од договорот за кој вчера вечер објавија сите италијански медиуми – Рабио е играч на Јуветус! Неговата мајка и агент обезбедила 10 милиони за својот син како бонус за потпис и 10 милиони за себе како менаџерска провизција (ОВДЕ)


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


– Трансферот на Матео Ковачиќ од 50 милиони евра во Челзи денес би требало да биде официјално потврден.

Спинацола од Јувентус веќе пристигна во Рома како дел од трампата со Лука Пелегрини.

– ИЗНЕНАДУВАЊЕ ОД ПАРИЗ: Мбапе одбил да преговара за нов договор со ПСЖ! (ОВДЕ)

– Каталонските медиуми објавија дека Манчестер Јунајтед го обновил интересот за Ракитиќ. Меѓутоа „ѓаволите“ нудат 35 милиони евра, а Барселона бара 50 милиони евра.

– Македонскиот репрезентативец и член на Мол Види, Бобан Николов се најде на мета на повратникот во Серија А, Бреша.

– Рома ќе се обиде да ги расипе плановите на Интер со Николо Барела од Каљари.

– „Калчомеркато“ најавува уште еден трансфер на Леонардо Бонучи. Наводно Пари Сен Жермен веќе остварил контакт со стоперот на Јувентус и таа зделка би можела да изнесува 30 милиони евра (ОВДЕ)

– После размената на Спинацола и Пелегрини која е во завршна фаза, Јувентус на „волчицата“ го нуди Игуаин за Заниоло. Сепак, ова изгледа тешко остварливо. (ОВДЕ)

Мончи го довде Нзози од Севиља во Рома, а сега кога се врати во шпанскиот клуб сака да го врати и Нзози. Рома нема да го пушти овој фудбалер за сума пдо 25 милиони евра.

– Официјално: Валенсија го откупи Денис Черишев од Виљареал!

Лук Де Јонг кој беше мета на повеќе европски клубови доби дозвола за трансфер. Ова го потврди неговиот клуб ПСВ на својата официјална страна.

– Од француските медиуми се појави информација дека ПСЖ би го продал Нејмар за сума помеѓу 130 и 150 милиони евра, плус двајца играчи (ОВДЕ)

Џејмс Родригез за својата иднина: Не знам имам уште 20 дена да размислам, многу зависи и од Реал Мадрид, постојат луѓе кои одлучуваат за тие работи.

– ОФИЦИЈАЛНО: ВАН БИСАКА Е ИГРАЧ НА МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД! (OВДЕ)

– Сега е јасно зошто ПСВ го ослободи Лук Де Јонг, тој е нов играч на Севиља!

– Уште добри вести за навивачите на Манчестер Јунајтед. Добар дел од медиумите на Островот пренеусваат дека клубот е на добар пат да го продолжи договорот со Маркус Рашфорд.

– Торино нуди 10, но Наполи бара 18 милиони евра за Марио Руи. Треба да споменеме дека после исфрлувањето на Милан од Лига Европа, Торино доби место во квалификациите од ова натпреварување и сега се очекува да бидат активни на трансфер пазарот.

– Иако трансферот на Кансело во Манчестер Сити изгледаше како завршена работа ситуацијата во последните денови се искомплицира. Прво Сити со Данило се обидуваше да спушти цената, а сега медиумите пренесуваат дека и Баерн се вклучил во трката.

Спинацола и Лука Пелегрини ќе ги разменат клубовите, а Јувентус би можел Пелегрини веднаш да го испрати на позајмица, а за него се заинтересирани Каљари и Сасуоло.

– Арон Ван Бисака е најскапиот бек во историјата – ова се топ 10 (ОВДЕ)

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Алфонсо Дејвис доаѓа во Мадрид како Мбапе

Реал Мадрид постигнал договор со дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, пренесуваат…