Дома Топ вести Шок во Париз: Мбапе одбил да преговара за нов договор!

Шок во Париз: Мбапе одбил да преговара за нов договор!

Килијан Мбапе и овој преоден рок е еден од фудбалерите за кои многу се пишува.

Мбапе веќе подолго време се поврзува со заминување од ПСЖ, а околу неговото име најмногу се споменува Реал Мадрид, меѓутоа тешко е да се верува дека таков трансфер ќе видиме ова лето. Во Пари Сен Жермен се обиделе да го обезбедат Мбапе на подолг период, но ако им веруваме на француските медиуми баш и не им оди најдобро.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Управата на ПСЖ го контактирала Мбапе и на фудбалерот му било порачано дека сакаат да започнат преговори за нов договор. Меѓутоа биле изненадени кога тој им одговорил дека не сака да го продолжи актуелниот договор со клубот од Париз.

Мбапе има договор до летото 2022 година, а ПСЖ му понудил договор до летото 2025. Но младиот напаѓач одбил да преговара и јасно им ставил до знаење дека сака да направи нов чекор во кариерата.

Многумина веруваат дека само прашање на време е кога овој француски фудбалер ќе го видиме во дресот на Реал Мадрид бидејќи ПСЖ нема да може толку долго да ги игнорира понудите на Флорентино Перез и Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Де Брујне може да си оди, Гвардиола ја наде замената

Примарна цел на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, …