Дома Топ вести Трансфери во живо: ПСЖ спрема нова „бомба“, Барса испрати понуда за Дембеле, Јуве бара стопер

Трансфери во живо: ПСЖ спрема нова „бомба“, Барса испрати понуда за Дембеле, Јуве бара стопер

Трансфер периодот ширум Европа е во полн ек, трансфер шпекулациите се засилуваат од час во час, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите случувања на трансфер пазарот.

– ПСЖ е во центарот на вниманието поради трансферот на Нејмар, но медиумите тврдат дека „светците“ спремаат нова трансфер „бомба“ и сакаат да направат напаѓачко трио од соништата (ОВДЕ).


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


-Интер конечно постигна договор со Ница за трансфер на левиот бек Далберт. Бразилецот се очекува денес да пристигне во Милано, а утре да ги мине лекарските прегледи и официјално да потише договор со „нероаѕурите“.

– Јувентус постигна договор со Саутемптон за трансфер на Марио Лемина. Англискиот клуб за Французинот ќе плати 18 милиони евра плус 2 милиони како бонуси.

– Шпанските медиуми потврдија дека Барселона испратила првична понуда за Осман Дембеле, па сега се чека одговор од Борусија Дортмунд. (ОВДЕ)

– Јувентус сака да крајот на преодниот рок да донесе еден стопер кој ќе биде замена за Бонучи. Италијанските медуми пренесуваат дека „бјанконерите“ разгледуваат две опции – Езекил Гарај од Валенсија и Де Вриј од Лацио.

– Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона сака во понудата за Филипе Кутињо да го вклучи и Андре Гомеш, фудбалер за кого Ливерпул покажува интерес.

– Англискиот весник „Сан“ пренесува дека Баерн Минхен е спремен да понуди 50 милиони евра за ѕвездата на Тотенхем, Ерик Даер.

– Еминентниот „Екип“ тврди дека ПСЖ е силно заинтересиран за играчот за врска на Порто, Данило Переира и дека е спремен да ја плати откупната клаузула која изнесува 60 милиони евра.

– Спортскиот директор на Милан, Масимо Мирабели не ја отфрли можноста ова лето на „Сан Сиро“ да се врати Златан Ибрахимовиќ (ОВДЕ).

– „Бомба“ од Холандија- тамошните медиуми пренесуваат дека Јувентус е спремен да ја активира откупната клаузула на Кевин Стротман која изнесува 45 милиони евра. Прашање е дали фудбалерот ќе се согласи да премине во редовите на големиот ривал.

– Милан наскоро ќе ја продолжи соработката со Сусо. Крилниот фудбалер ќе потпише нов договор до 2021 година според кој ќе заработува 2,5 милиони евра по сезона.

Давид Силва постигна договор со Манчестер Сити да го одработи договорот во следните две години, а потоа ќе се врати во Шпанија каде сака да ја заврши кариерата.

– Жозе Мурињо е во потрага по офанзивен десен бек, па покажува интерес за играчот на Барселона Сержи Роберто. „Сан“ тврди дека Манчестер Јунајтед е спремен да ја плати откупната клаузула која изнесува 40 милиони евра.

Бортвик Џонсон, 20-годишен лев бек на Манчестер Јунајтед следната година ќе ја помина на позајмица во Лидс Јунајтед.

– Барселона се приклучува во траката за ѕвездата на Монако, Томас Лемар за кого силен интерес покажува и Арсенал.

– Официјално: Весли Снајдер е нов фудбалер на Ница. Холанѓанецот доаѓа како слободен агент и потпиша едногодишен договор, со опција за уште една година.

– Лестер ја одби и последната понуда на Рома за Ријад Марез тешка 35 милиони евра и порачаа дека нема да го пуштат Алжирецот за сума помала од 40 милиони фунти.

– Играчот на Атлетико, Матиас Кранвитер отпатува во Русија на лекарски прегледи, а потоа треба да потпише договор со Зенит. „Јорганџиите“ ќе добијат 8 милиони евра како обештетување.

Официјално: Џонатан Бијабиани е нов фудбалер на Спарта Прага. Интер од неговиот трансфер ќе добие 4 милиони евра.

– Француските медиуми пренесуваат дека Милан одбил понуда тешка 17 милиони евра за Бака од Марсеј. „Росонерите“ нема да го пуштат напаѓачот за сума помала од 20 милиони евра.

Бурак Јилмаз се врати во Турција после само една година помината во Кина. Напаѓачот потпиша договор со Трабзонспор.

– Шпанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Герет Бејл им се доворил на пријателите дека сака да го напушти Реал Мадрид (ОВДЕ).

– Манчестер Сити е силно заинтересиран за ѕвездата на Барселона, Серхио Бускетс кој е еден од омилените играчи на тренерот Гвардиола (ОВДЕ).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ниту Фергусон повеќе не верува во Тен Хаг, легендата има свој фаворит

Maнчестер Јунајтед во последниот викенд во Премиер лигата ја продолжи лошата форма откако …