Дома Фудбал Англија Сити го изненадува Гвардиола: На „Итхад“ пристигнува една од неговите најголеми желби

Сити го изненадува Гвардиола: На „Итхад“ пристигнува една од неговите најголеми желби

Вчера „Дон Балон“ ја лансираше во етер веста дека управата на Манчестер Сити размислува за доведување на Серџи Роберто во своите редови, а денес каталонското радио „Онда Керо“ јавува дека мета на „Граѓаните“ е и Серхио Бускетс.

Според сознанијата на новинарите од ова радио, Серџи Естебан, луѓето од Сити веќе ја контактирале Барселона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тешко е да се очекува Барселона да се откаже од Бускетс, но кога ќе се земе предвид колкава сума издвојува управата на „Граѓаните“ да ја исполни желбата на Пеп Гвардиола и ова и изминатото лето, зошто Бускетс, кој истовремено е и миленик на Гвардиола, би бил исклучок.

За потсетување, пред девет години, Гвардиола го промовираше Бускетс во првиот тим на Барселона, а не е занемарлив ниту податокот дека тој е син на неговиот долгогодишен соиграч, некогашниот голман на Барселона, Карлес Бускетс.

Инаку, некои луѓе од таа генерација на Барселона сега се на раководните позиции во спортскиот сектор на Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…