Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Мурињо конечно се засили, Ериксен и Жиру на чекор од Интер

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Мурињо конечно се засили, Ериксен и Жиру на чекор од Интер

Полека зимскиот преоден рок влегува во самата завршница, а со „Спортски“ следете се што се случува на трансфер пазарот.

-Интер е еден од најактивните клубови на трансфер пазарот. „Нероаѕурите“ откако се договорија со Кристиан Ериксен сега ја испратија првата понуда до Тотенхем. (тука)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


-Официјално: Тотенхем го потврди трансферот на Жедсон Фернандеш од Бенфика. 18-месечна позајмица со право на откуп за 65 милиони евра (тука).

-Милан е силно заинтересиран за Немања Матиќ и ја испрати првата понуда до Манчестер Јунајтед (тука).

-Потврдено: Договорен е трансферот на Оливие Жиру во Интер. Напаѓачот ќе потпише договор до 2022 година со „нероаѕурите“.(тука)

-Барселона е на чекор од првото зимско засилување. Каталонците го договорија трансферот на бразилскиот играч за врска Матеус Фернандес од Палмеирас (тука).

-Јувентус започна преговори со Пауло Дибала за нов договор. „Старата дама“ му нуди побогат финансиски договор до 2024 година (тука).

-Милан е силно заинтересиран за крилниот напаѓач на Рома, Ченгиз Ундер. „Росонерите“ се спремни наскоро да испратат понуда за Турчинот.

-Дефанзивецот на Милан и швајцарски репрезентативец, Рикардо Родригез е на чекор од трансфер во ПСВ за 6 милиони евра.

-Падна договор: Интер и Рома ја договорија големата трампа. Политано се сели во Рим, а во спортивен правец ќе пристигне Спинацола (тука).

-Мурињо е во потрага по напаѓач кој ќе биде замена за Хари Кејн. Последно име на радарот на „спарси“ е напаѓачот на Порто, Зе Луис.

-Менаџерот на Арсенал, Артета го идентификува играчот на Лестер, Џејмс Медисон како главна трансфер цел за следното лето.

-Наполи денес ќе го претстави Станислав Лоботка како ново засилување за тимот на Гатузо.

-Играчот на Верона, Софијан Амбрат е на радарот на Наполи и Интер и двата клуба се борат за неговиот потпис.

-Директорот на Атлетико отпатува во Париз за трансферот на Едисон Кавани. „Јорганџиите“ понудија само 5 милиони евра за Уругваецот, па тешко дека „светците“ ќе го пуштат во јануари.

-Фиорентина се приклучи во трката за Габриел Барбоса – Габигол и наскоро ќе започне преговори со Интер.

– Eве и нешто од македонскиот фудбал. Никола Серафимов не отпатува на подготовките со Вардар и со тоа практично е потврдено неговото заминување од црвено-црните. (тука)

Официјално: Академија Пандев го потврди трансферот на Бојан Најденов.


Готово: Фламенго го договори откупот на Габигол! Интер добива 17 милиони евра и 20% од неговата наредна продажба. (тука)

Ако Рикардо Родригез оди во ПСВ како што се најавува, Милан би можел да ја прекине позајмицата на Диего Лаксалт и да го врати од Торино.

Матео Политано успешно ги помина лекарските прегледи и се уптати во просториите на Рома каде што ќе биде претставен.

Еве нешто повеќе за интересот на Мурињо за Зе Луис. (тука)

Oфицијално: Политано нов играч на Рома.

БОМБА НА ФРАНС ФУДБАЛ! Ноер може во Јувентус! (тука)

На трансферот на Жан Клер Тодибо уште се чека, но би требало се да биде решено. Тодибо во Шалке пристигнува од Барселона на позајмица на 18 месеци со клазулата Каталонците да можат да го вратат во своите редови.

Официјално: Станислав Лоботка нов играч на Наполи.

Денес имаме и вест од македонскиот женски фудба. 19 годишната Јулија Живиќ направи трансфер во Кипар во тимот на Неа Саламина. (тука)

Македонскиот фудбалер Јуни Урдинов стави крај на кариерата на само 28 години. (тука)

Трансферот кој започна да се најавува од утрово сепак нема да се острови. Мурињо во Тотенхем нема да го добие Зе Луис, работната дозвола е проблем кој во овој преоден рок не може да биде решен.

„Скај Спорт“: Погба донел одлука – заминува од Манчестер Јунајтед! (тука)

Микел Артета на денешната прес-конференција демантираше дека преговарал со Пеп Гвардиола за позајмица на Џон Стоунс од Манчестер Сити.

Вечерва од хрватските медиуми како бомба одекна веста дека Дани Олмо е пред потпис со Милан! Се појави и коментар од агентот на Олмо: ,,Засега не би сакал ништо да коментирам”. Понудата на Милан која веројатно Динамо ќе ја прифати е 30 милиони евра. Ова не изгледа како шпекулација…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи ја сака отпишаната ѕвезда на Манчестер Јунајтед

Челзи се вклучи во  трката за потписот на Мејсон Гринвуд кој оваа сезона игра на позајмица…