Тотенхем денес и официјално го претстави првото засилување, Жадсон Фернандеш од Бенфика, но јасно е дека тоа нема да биде единственото засилување за „спарси“ оваа зима.
Мурињо е во потрага по напаѓач кој ќе може да биде замена за Хари Кејн, а медиумите на Островот тврдат дека и тоа засилување може да пристигне од Португалија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имено, Мурињо е заинтересиран за 28-годишниот напаѓач на Порто, Зе Луис и започнал преговори со неговиот бивши клуб.
Зе Луис оваа сезона има 12 настапи за Порто на кои постигна седум гола, а Тотенхем сака да го донесе на позајмица со право на откуп следното лето.
Англиските медиуми тврдат дека Порто ќе ја прифати понудата и трансферот е блиску до реализација.