Дома Фудбал Јувентус седнува на преговори со Дибала за нов договор

Јувентус седнува на преговори со Дибала за нов договор

Раководството на Јувентус подготвува понуда за нов договор на Пауло Дибала, пренесуваат италијанските медиуми.

Во Јувентус се многу задоволни од перформансите на Аргентинецот оваа сезона и поради тоа сакаат да му понудат долгорочен договор со подобрени финансиски услови.

Дибала беше стевен на трансфер листа ова лето, но самиот инсистираше да остане во Торино и со добрити игри го убеди тренерот Маурицио Сари.

Аргентинецот игра одлично оваа сезона и до сега има постигнато 9 гола и 8 асистенции на 24 меча.

Договорот на Дибала истекува во 2022 година и годишно заработува 7 милиони евра, а „старата дама“ сака да му понуди договор до 2024 година и годишна плата од 10 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мектоминеј го скрши отпорот на Торино, Наполи остана без уште еден играч

Голот на Скот Мектоминеј во 73. минута му донесе победа од 1-0 на Наполи, но Антонио Верга…