Барселона е на чекор од комплетирање на трансферот на бразилскиот играч за врска Матеус Фернандес од Палмеирас, тврдат каталонските медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Фернандес ќе биде првото засилување за Барса во ерата на новиот тренер Кике Сетиен.
Барселона цели три години го следи бразилскиот талент и сега е на чекор од реализација на трансферот. Каталонците за 21-годишниот Бразилец ќе платат 7 милиони евра плус 4 милиони како бонуси.
Фернандес е дефанзивен играч за врска висок 183 сантиметри и неговиот стил на игра многу на ликува на Бускетс, па се очекува тој да биде алтернатива во средниот ред.