Дома Трансфер зона Милан испрати понуда за Немања Матиќ

Милан испрати понуда за Немања Матиќ

Златан Ибрахимовиќ и официјлано се врати во Милан, но „росонерите“ работат и на други засулувања во зимскиот преоден рок.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Милан одигра многу лошо во првиот дел од сезоната, па јасно е дека на тимот му се потребни засилувања, а раководството е во потрага по искусни и квалитетни фудбалери.

Италијанските медиуми пренесуваат дека најголема желба во зимскиот преоден рок ќе биде играчот на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ.

Матиќ влезе во последната година од договорот и не добива голема минутажа кај Солскјер, па и самиот е спремен да ја промени средината, а Серија А е негов прв избор.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека „росонерите“ веќе испратиле понуда за српскиот играч за врска и чекаат одговор од „црвените ѓаволи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…