Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Заврши сагата за Нејмар, Зидан најави „бомба“

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Заврши сагата за Нејмар, Зидан најави „бомба“

Трансфер пазарот во поголемиот дел на Европа се затвора утре, па клубовите брзаат да ги реализираат последните трансфери.

-Главна тема веќе подолго време на трансфер пазарот е Нејмар. Шпанските и француските медиуми тврдат дека сагата дефинитивно е завршена и Бразилецот сигурно останува во Париз.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Валенсија е последниот клуб кој се вклучи во трката за потписот на Икарди. Интер е спремен да го пушти на позајмица, се чека одговор од напаѓачот.

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан најави трансфер „бомба“ пред затворањето на трансфер пазарот.

Шкртел пред неполн месец пристигна во Аталанта како големо засилување, а денес го раскина договорот со италијанскиот клуб.

-Фиорентина го комплетираше трансферот на бразилскиот напаѓач Педро од Флуминенсе за 15 милиони евра.

-Падна договор: Луис Густаво го напушта Марсеј и кариерата ќе ја продолжи во Турција во дресот на Фенербахче.

-БОМБА: Јувентус прави изненадувачки трансфер и е блиску до потписот на Жером Боатенг од Баерн Минхен.

-Интер ја одби понудата од Фиорентина „тешка“ 30 милиони евра за Матео Политано.

-Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи ги отстрани исте дилеми и потврди дека Пауло Дибала сигурно останува во Јувентус.

-Милан денес направи последен обид за ангажман на Анхел Кореја. „Росонерите“ испратиле нова понуда и сега се чека одговор од Атлетико Мадрид.

-Интер има договор со Анте Ребиќ од Ајнтрахт и ќе го реализира трансферот доколку го продаде Политани во Фиорентина.

-Аталанта веднаш пронајде замена за Шкртел – го договори трансферот на Симон Кјаер од Севиља.

-Дефинитивно пропаднаа преговорите помеѓу Реал Мадрид и Севиља за трансфер на Маријано Дијаз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Чаби Алонсо може да го замени Тен Хаг на „Олд Трафорд“

Eкипата на Манчестер Јунајтед има катастрофален почеток на сезона, па така на големо се на…