Дома Топ вести Трансфери во живо: Две засилувања за Мурињо, Барса тргнува по Озил, Нејмар на прегледи!

Трансфери во живо: Две засилувања за Мурињо, Барса тргнува по Озил, Нејмар на прегледи!

Трансфер периодот ширум Европа е во полн ек, трансфер шпекулациите се засилуваат од час во час, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите случувања на трансфер пазарот.

-Главна тема во сите медиуми и денес е трансферот на Нејмар. Медиумите тврдат дека сагата е при крај и дека Бразилецот отпатувал за Катар каде треба да ги помине лекарските прегледи и официјално да стане играч на ПСЖ (ОВДЕ).


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


– Барселона ги изненади сите: Каталонците се во потрага по замена за Нејмар, а поради потешкотиите да стигнат до потписот на Кутињо сега ќе се насочат кон ѕвездата на Арсенал, Месут Озил (ОВДЕ).

– Мурињо наскоро ќе добие две нови засилувања за својот тим. Трансферот на Матиќ наскоро ќе биде официјализиран, а англиските медиуми пренесоа дека Серж Орие од ПСЖ наскоро ќе се пресели на „Олд Трафорд“.

– Иако Челзи за него понуди 70 милиони евра, Алекс Сандро сигурно останува во Јувентус и следната сезона, потврди тренерот Макс Алегри.

Пеп Гвардиола продолжува со реконструкцијата на тимот, а англиските медиуми тврдат дека „отпишал“ уште тројца фудбалери (ОВДЕ).

– Шпанските медиуми тврдат дека Диего Коста е уморен да го чека Атлетико Мадрид и дека почнал сериозно да размислува за трансфер во Милан.

– Италијанските медиуми тврдат дека Рома е на чекор до големо засилување, остануваат уште детали од комплетирање на трансферот на Ријад Марез (ОВДЕ).

– Барселона не се откажува од намерата да го донесе Филипе Кутињо на „Камп Ноу“. Во Бразилецот гледаат идеална замена за Нејмар (ОВДЕ).

– Челзи се посериозно размислува за Ренато Санчез од Баерн Минхен. Конте смета дека Португалецот ќе биде идеална замена за Матиќ и наскоро ќе започне преговори со Баерн Минхен.

– Готово: Фиорентина потврди дека Интер ја активирал откупната клаузула на Матијас Весино. Уругваецот утре ќе пристигне на медицински прегледи, а Интер за неговиот потпис ќе плати 24 милиони евра.

– Италијанските медиуми пренсуваат дека Ибрахимовиќ му се понудил на Милан и сака да се врати на „Сан Сиро“ за годишна плата од 7 милиони евра. „Росонерите“ конечната одлука за неговото враќање ќе ја донесат после 15-ти август.

Хесус Навас ја прифати понудата на Севиља и наскоро ќе се врати во својот поранешен клуб каде ќе потпише 3-годишен договор.

– Француските медиуми пренесуваат дека трансферот на Нејмар во ПСЖ ќе биде официјализиран во среда и дека „светците“ веќе ја организираат неговата презентација.

– Фиорентина веќе ја одреди земаната за Калиниќ кој е на излезна врата. „Виолетовите“ наскоро ќе испратат официјална понуда за Џовани Симеоне од Џенова.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид следното лето носи две ѕвезди бесплатно

Реал Мадрид ова лето го доведе Килијан Мбапе без обештетување како слободен играч, а сега …