Дома Трансфер зона Сапуницата пред својот КРАЈ: Нејмар отпатува во Катар!

Сапуницата пред својот КРАЈ: Нејмар отпатува во Катар!

Фудбалерот на Барселона, Нејмар, отпатува во Катар на завршни преговори за трансферот во ПСЖ кој би требало да изнесува 222 милиони евра, пренсуваат шпанските медиуми.

Каталонците ја завршија турнеата во САД, а Нејмар не се врати со тимот, туку отпатува во Катар каде што наводно треба да ги одржи последните преговори со сопствениците на ПСЖ.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Доколку најавите се исполнат и се оди според планираното, 25 годишниот Бразилец ќе стане најскапиот фудбалер во историјата на фудбалот. Ќе биде срушен минатогодишниот рекорд при трансферот на Пол Погба од Јувентус во Манчестер Јунатед за 105 милиони евра. Познато е и дека Бразилецот ќе добива плата од дури 30 милиони евра по сезона.

Причината за неговото заминување веројатно е тоа што повеќе не сака да биде во сенка на првата ѕвезда на тимот Лионел Меси. Дека на Нејмар му се брза да замине покажува и нервозата на тренинзите, пример е за тоа конфликтот со Нелсон Семедо после кој го напушти тренингот во Мајами.

Во ПСЖ после трансферот на Нејмар веројатно вниманието ќе го свртат кон продажба на Анхел Ди Марија, Адриен Рабиот, па дури се споменува и името на Марко Верати со што ПСЖ би го избегнал казна поради финансискиот фер-плеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…